Руски тајкун од нафтената индустрија паднал од 17-ти кат, руските медиуми објавија дека извршил самоубиство

Според руските медиуми, нафтениот тајкун Андреј Бадалов и заменик-директор на државната компанија за извоз на нафта „Транснефт“ извршиле самоубиство скокајќи од балкон.

Дел од опозициските медиуми во Русија наведуваат дека Бадалов оставил проштално писмо до своето семејство, иако ова не е официјално потврдено. Неговото тело е пронајдено под прозорецот на зградата каде што живеел на 17-ти кат.

Многумина ја припишуваат неговата смрт на функцијата што ја имаше, но и на директорот на нафтената компанија Транснефт, на чие чело беше поранешниот разузнавач на КГБ, Николај Токарев.

Токарев е соработник на Путин од периодот кога тој бил ангажиран како контраразузнавачки офицер во Источна Германија.

Од друга страна, смртта на Бадалов е само една во низата мистериозни смртни случаи на раководители поврзани со нафтената и гасната индустрија во Русија.

Ова е барем 12-ти ваков смртен случај меѓу високи функционери во руската нафтена индустрија од почетокот на војната во Украина.