Основачот на руската воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, изјави дека над градската управа на Бахмут е подигнато руско знаме со натпис „Добар спомен на Владлен Татарски“.
Коментарот на Пригожин беше објавен на каналот Телеграм на неговата прес-служба.
– ,,Вечерва во 23:00 часот на градската управа на Артјомовско (Бахмут) го поставивме руското знаме со натпис „Добар спомен на Владлен Татарски“ и знамето „Вагнер“. Формално, Артјомовск е окупиран – изјави Пригожин во неделата вечерта, пренесува РИА Новости.
Според него, непријателот сè уште е концентриран во западните делови на градот, пренесува Танјуг.
Владлен Татарски е воен дописник кој вчера беше убиен во експлозија во кафуле во Санкт Петербург. Руската и украинската армија се борат за Бахмут со месеци, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа изјави дека ситуацијата околу тој град е прилично жешка.