Сабаленка е во финалето на Бризбејн

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во финалето на ВТА турнирот во Бризбејн.

Сабаленка во полуфиналето ја победи Русинката Мира Андрејева со 6:3, 6:2. Натпреварот траеше еден час и 31 минута. Ова беше петти дуел на двете тенисерки и четврта победа за Сабаленка.

Се водеше голема борба до осмиот гем, во кој Сабаленка успеа да му го одземе сервисот на противникот. Потоа стигна до првиот сет на свој сервис, иако Русинката имаше шанса за брејк – 6:3.

Сабаленка рутински го доби вториот сет, најпрвин брејкираше во третиот гем, а потоа во седмиот и со два брејка стигна до 2:0 во сетови и до победата.

Во финалето на турнирот во Бризбејн, белоруската тенисерка ќе игра против Полина Кудерметова, која претходно ја совлада Анхелина Калинин со резултат 6:4, 6:3.

ВТА турнирот во Бризбејн се игра за награден фонд од 1.520.600 американски долари.