САД го враќа увозот по цели две години: Американците повторно купија руска нафта и покрај забраната

Соединетите Американски Држави, по година и пол, го обновиле увозот на руска нафта за првпат од март 2022 година, пренесува РИА Новости податоци на американската статистичка служба.

Имено, Вашингтон во март 2022 година воведе забрана за увоз на нафта и други енергетски производи од Русија како дел од новото заострување на санкциите. Американските компании ја купија последната серија „црно злато“ од Русија во април истата година.

Според статистичките податоци, во октомври минатата година САД купиле 36.800 барели руска нафта, додека вредноста на увозот била 2,7 милиони долари.

Еден месец подоцна, во ноември, обемот на набавка беше 9.900 барели, што го чинеше Вашингтон 750.000 долари.

СКОК ВО ЦЕНАТА НА БАРЕЛОТ

Еден барел руска нафта го чинеше купувачот 74 долари во октомври, а 76 долари во ноември, што е значително повисока од горната граница на цената што ја поставија земјите од Г7 – 60 долари за барел.

На 8 март 2022 година беше воспоставена забрана за увоз на енергетски производи од Русија. Во САД е забранет увозот на сурова нафта, нафтени деривати, нафтени горива и масла, како и нивни производи за дестилација, течен природен гас, јаглен и производи од јаглен.

На почетокот на декември истата година, земјите од Г7 воведоа горна граница на цената за руската нафта што се транспортира по морски пат. Оттогаш, цените на суровините од Русија не се променија и останаа на 60 долари за барел.