Четиринаесет воени товарни авиони од САД и Германија, натоварени со опрема и залихи за поддршка на војската, пристигнаа во Израел во услови на конфликт со Иран, објави израелското Министерство за одбрана.
Министерството во соопштението наведува дека авионите се дел од воздушните и морските мостови кои се во функција од почетокот на израелскиот напад врз Иран на 13 јуни, пишува АА .
Според израелските медиуми , пратката е во поддршка на „оперативната подготвеност“ на војската, истакнувајќи дека серијата е покрај повеќе од 800 воени товарни авиони што пристигнаа од почетокот на војната во Појасот Газа на 7 октомври 2023 година.
Министерството не ја откри природата на опремата, додека Вашингтон и Берлин сè уште не дадоа коментар.
Инаку, непријателствата започнаа во петокот кога Израел започна воздушни напади врз неколку локации низ Иран, што го натера Техеран да започне одмазднички напади.
Израелските власти соопштија дека најмалку 25 лица се убиени, а стотици други се повредени оттогаш во иранските ракетни напади.
Во меѓувреме, во Иран, 639 лица се убиени, а повеќе од 1.300 се повредени во израелските напади.