САД и Северна Македонија ќе соработуваат во борбата против дезинформациите

 „Новиот Меморандум за разбирање ќе овозможи поблиска соработка со цел борба против дезинформации и погрешни информации, заштита на демократските процеси и создавање отпорни екосистеми за информација“, соопшти американскиот Стејт департмент.

САД и Северна Македонија потпишаа Меморандум за разбирање со цел соработка во борбата против дезинформации и манипулацијата со информации, пренесува Анадолу.

Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Министерството за надворешни работи на САД.

„По состанокот реализиран на 8 мај 2023 година со американскиот државен секретар (Ентони) Блинкен, премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, и специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобална комуникација на САД, Џејмс П. Рубин, потпишаа Меморандум за разбирање кој предвидува соработка меѓу двете земји, кои се НАТО-сојузници, во борбата против манипулацијата со информации“, се вели во соопштението.

Во соопштението се наведува дека овој меморандум е дел од чекорите што се преземени по средбите на делегациите на двете земји реализирани на 11 април 2023 година во Скопје.

„За време на овие средби, двете страни нагласија дека се загрижени од тоа што Русија и некои други земји се упатуваат кон дезинформации со цел поткопување на демократијата и националната безбедност“, се додава во соопштението.

„Новиот Меморандум за разбирање ќе овозможи поблиска соработка со цел борба против дезинформации и погрешни информации, заштита на демократските процеси и создавање отпорни екосистеми за информација“, се истакнува во писменото соопштение на американскиот Стејт департмент.