„САД се горди на тоа што ќе обезбедат речиси 150 милиони долари хуманитарна помош за поддршка на ранливите популации во Нигер и низ Сахел“, изјави Блинкен.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на неговата посета на Нигер најави нова хуманитарна помош во вредност од 150 милиони долари за африканскиот регион Сахел.
„САД се горди на тоа што ќе обезбедат речиси 150 милиони долари хуманитарна помош за поддршка на ранливите популации во Нигер и низ Сахел“, изјави Блинкен.
„Средствата се насочени кон обезбедување витална поддршка за бегалците и другите лица погодени од конфликтите и недостигот на храна во Нигер, една од најсиромашните земји во светот, и во другите земји од Сахел погодени од кризата со храна и вооружените конфликти“, рече тој.
Министерот за надворешни работи на Нигер, Хасуми Масуду, рече: „САД се еден од главните партнери на Нигер во однос на развојната соработка, како и во однос на безбедносната и одбранбената соработка.“
Според него, придонесот на САД во однос на воената соработка им овозможува на Нигериските вооружени сили „да бидат поефективни“.
По посетата на Блинкен, во следните денови Африка ќе ја посети и американската потпретседателка Камала Харис. Белата куќа објави дека потпретседателката Харис ќе ги посети Гана, Танзанија и Замбија.