Пентагон во петокот објави дополнителна воена помош од 425 милиони долари за Украина.
Пентагон соопшти дека пакетот е шеесет и деветтата транша од опремата на администрацијата на Бајден што и е обезбедена на Украина од август 2021 година.
„Ќе ѝ обезбеди на Украина дополнителни капацитети за задоволување на нејзините најитни потреби, вклучувајќи: пресретнувачи за воздушна одбрана; муниција за ракетни системи и артилерија; оклопни возила и противтенковско оружје“, се додава.
Тоа се случи откако американски официјални лица соопштија дека Северна Кореја испратила 10.000 војници во Русија во војната против Украина.
Државниот секретар Антони Блинкен во четвртокот изјави дека 8.000 севернокорејски војници се наоѓаат во регионот Курск, во близина на украинската граница. Тој очекуваше тие да влезат во војна против Украина во „наредните денови“.