Стејт департментот одобри потенцијална продажба на хеликоптери Апачи АХ-64Е и поврзана опрема на Полска, соопшти денеска американското Министерство за одбрана.
Вредноста на договорот се проценува на околу 12 милијарди долари.
„Предложената продажба ќе ги поддржи надворешнополитичките и националните безбедносни цели на Соединетите Држави преку подобрување на безбедноста на сојузникот од Северноатлантскиот договор (НАТО), кој е сила за политичка стабилност и економски напредок во Европа“, се вели во соопштението.
Се додава дека продажбата на хеликоптери Апачи ќе ја подобри способноста на Полска да одговори на сегашните и идните закани.