САД РАСПОРЕДУВААТ 2.000 ВОЈНИЦИ – Пентагон потврди: Влегуваат ли Американците во Израел !?

Армијата на САД нареди околу 2.000 војници да се подготват за потенцијално распоредување за поддршка на Израел, пишува Fox News

Војниците, кои нема да вклучуваат пешадија, ќе имаат задача да советуваат и обезбедуваат медицинска помош, според информации на Fox News добиени од високи претставници, а војниците доаѓаат од сите американски единици и не треба да учествуваат во борбите, потврдил неименуван претставник на Пентагон за споменатиот американски медиуми.

Војниците во моментов се стационирани на Блискиот Исток и надвор од регионот, вклучително и Европа, тврдат американски официјални лица. Не е јасно под кои услови САД би можеле да распоредат војници и каде, но одлуката на Пентагон укажува дека се подготвува да ја поддржи израелската Армија доколку Израел одлучи да започне копнена офанзива на Појасот Газа, посочува и пишува весникот The Wall Street Journal.

Исто така, не е познато колку војници, доколку бидат распоредени, би влегле во Израел, но официјални лица велат дека барем некои од нив би можеле да влезат во земјата и да ги поддржат израелските сили.

Подготовката за распоредување не мора да значи дека Армијата ќе биде испратена, тоа само го скратува времето за да бидат подготвени војниците, доколку е потребно, да се движат.

АрмијавојнаИзраелПалестинаСАДХамас