САД СО ЈАСНА ПОРАКА ДО АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ – Сенаторот Крис Марфи порача: “Ако Србија сака да влезе во ЕУ, не може да има директор на БИА кој е во контакт со Русите!“

Американскиот сенатор Крис Марфи вели дека ако Србија навистина сака европска иднина, не може да има директор на разузнавањето кој отворено комуницира со Русија.

Посакувам српскиот претседател Александар Вучиќ да види колку е опасен првиот човек на Безбедносно-информативната агенција, Александар Вулин. Ако Србија навистина сака да има европска иднина, не можете да имате разузнавач кој отворено се координира со Русите“, изјави Крис Марфи доцна синоќа за Voice of America.

Сенаторот додава дека САД јасно ставиле до знаење, не само на Србија, туку и на сите американски пријатели, дека ќе има последици доколку тие земји одлучат да не се приклучат на санкциите и се вклучат во тајни активности со Русите.

Крис Марфи ги коментираше санкциите наметнати на Александар Вулин од американските власти: „Александар Вулин е еден од функционерите на српските власти кој во јавноста промовира проруски ставови, а од почетокот на руската агресија врз Украина, тој најмалку два пати отпатувал во Москва, каде се сретнал со руски претставници“.

Сакаме Србија да биде дел од евроатлантското движење, за нејзината иднина да биде во Европа. Сметаме дека е во нејзин најдобар интерес да испрати јасна порака до Русија дека инвазијата на Украина не може да се толерира. Се надевам дека Александар Вучиќ ќе види дека Александар Вулин ги загрозува неговите напори за градење пријателство со Европа и со САД“, вели Крис Марфи.

Сенаторот, кој вели дека е важно да се смири тензијата меѓу Белград и Приштина, ја поздрави вчерашната средба во Брисел меѓу шефовите на преговарачките тимови на Србија и Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бислими, со претставникот на Европската унија за дијалог КосовоСрбија, Мирослав Лајчак.

Суштината е да се избегне насилство и тука се враќам на обврските што ги презема Владата на Косово да се обиде да се придржува до одредбите од договорот. Продолжив да разговарам со Александар Вучиќ и Албин Курти и ги охрабрувам да се вратат на преговарачка маса“, вели Крис Марфи во интервју за Voice of America.

Александар ВулинАлександар ВучиќКрис МарфисанкцииСрбија