САД: Спасен возач кој шест дена бил заробен во остатоци од камион, преживеал оти пиел дождовница

Метју Реум, од северната американска држава Индијана, преживеал шест дена пиејќи дождовница додека бил врзан за седиштето на неговиот уништен камион под мост на автопат, соопшти полицијата.

Случајно го забележале двајца мажи кои барале место за ловење риби и забележале тешко оштетено возило. “Тие го допреа телото, а човекот ја сврте главата и почна да разговара со нив. Тоа им даде надеж”, изјави наредникот Глен Фифилд за локалниот весник.

Камионот излета од автопатот 94 пред мостот Солт Крик, промашувајќи ја заштитната ограда и веројатно се тркалал неколку пати пред да слета од другата страна на потокот, скриен од погледот од патот горе, рече Фифилд.

Реум рече дека неговиот мобилен телефон му бил надвор од дометот, а неговото тело било заробено, што го спречило да повика помош и дека иако врескал и повикувал на помош, го слушал само „тивкиот звук на водата“.

Наредникот Глен Фифилд додаде дека „желбата на Реум да ја преживее оваа несреќа не е ништо помалку од исклучителна“.