САД треба да им се извинат на затворениците од Гвантанамо – експерт на ОН

 Експерт на ОН рече дека начинот на кој американската влада постапува со затворениците во Гвантанамо е суров, нехуман и понижувачки според меѓународното право и го повика Вашингтон да се извини и да обезбеди компензација.

„Забележав дека страдањето на затворениците по две децении затвор е длабоко и продолжува“, рече Фионуала Ни Аолаин од ОН по завршувањето на првата официјална посета на експерт на ОН на затворот.

„Секој затвореник што го сретнав живее со немилосрдната траума што произлегува од систематската практика со тортура и произволно притворање“, рече таа, мислејќи на, како што рече, прекумерните ограничувања и речиси постојаното следење.

Пентагон не одговори веднаш на барањето за коментар.

Затворот беше отворен во 2002 година од тогашниот американски претседател Џорџ В. Буш за да се сместат странски милитанти осомничени за нападите врз САД на 11 септември 2001 година.

Претседателот Џо Бајден изјави дека сака да го затвори објектот во кој се сместени околу 30 затвореници, но се уште не претставил план за тоа. Коментарите на независниот експерт доаѓаат по неодамнешните критики на Црвениот крст и другите тела на ОН.

„Американската влада мора итно да обезбеди судска одлука, извинување и гаранции дека тоа нема да се повтори“, додаде таа.

„Малку земји покажуваат таква храброст“, изјави Фионуала Ни Аолаин.