САД ја ослободија електрониката од реципрочни тарифи: Кина веднаш реагираше, а потоа пристигна ново изненадување

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги иззеде паметните телефони , компјутерите и другата електроника од таканаречените реципрочни тарифи, пренесува Блумберг.

Исклучоците, објавени доцна во ноќта на 12 април од Царината и граничната заштита на САД, го стеснуваат опсегот на давачките со исклучување на овие производи од царината од 125 отсто на Трамп за Кина и неговата основна царина од 10 отсто за речиси сите земји.

Исклучоците важат за паметни телефони, лаптопи , хард дискови и компјутерски процесори и мемориски чипови .

Овие производи обично не се произведуваат во САД .

За започнување на домашното производство ќе бидат потребни години, велат од агенцијата.

Производите кои нема да бидат предмет на новите тарифи на Трамп , исто така, вклучуваат машини што се користат за производство на полупроводници .

Без ова ослободување, тарифите тешко би ги погодиле технолошките гиганти како Apple, кој произведува iPhone и други уреди во Кина .

Кина: Изземањето на електрониката од американските тарифи е мал чекор во исправката на погрешната политика

Еден ден подоцна, Кина рече дека одлуката на Соединетите држави да ги исклучат паметните телефони и другите електронски производи од огромните тарифи на американскиот претседател Доналд Трамп е „мал чекор“ во исправката на погрешната политика.

Портпаролот на кинеското Министерство за трговија им рече на новинарите во Пекинг дека ослободувањето е „мал чекор за САД да ја исправат својата погрешна практика на еднострани „реципрочни царини“, објави Си-Ен-Ен.

Откако Трамп објави реципрочни царини за американските трговски партнери на 2 април , рече портпаролот, таа политика „не само што не реши ниту еден од проблемите на самите САД , туку сериозно го поткопа меѓународниот економски и трговски поредок“.

Тој ги повика САД „целосно да ги укинат“ тарифите.

Трамп во средата објави дека ќе го паузира воведувањето на реципрочни тарифи за сите трговски партнери освен Кина, која сега има царина од 145 отсто за својата стока.

Пекинг возврати со воведување царина од 125 отсто на американскиот увоз.

Лутник: Електронските производи ќе подлежат на посебни царини

Американскиот министер за трговија Хауард Лутник истиот ден во интервју за ABC изјави дека паметните телефони, компјутерите и некои други електронски производи , заедно со полупроводниците , ќе подлежат на специјални тарифи , кои би можеле да бидат воведени за еден месец.

Лутник прецизираше дека таков е планот на американскиот претседател Доналд Трамп и дека тоа ќе се случи во следните два месеци, пренесе Ројтерс.

Ова е најновиот пресврт во тарифниот план на Трамп, откако во петокот првпат беше објавено дека администрацијата одобрила ослободување од високи тарифи за паметни телефони и други електронски производи од Кина.

Како што рече тој во интервју за ТВ АБЦ, царините ќе го вратат производството на овие производи во САД .

„Тоа се производи кои ја претставуваат националната безбедност и ние треба да ги произведуваме во Америка“, заклучи тој.

Американскиот претседател пред неколку дена најави целосен прекин на сите „реципрочни“ царини, кои, со исклучок на Кина, ќе бидат зголемени од 104 на 125 отсто.

По објавувањето на 90-дневната пауза на сите одмазднички тарифи, со исклучок на Кина, Трамп рече дека САД гледаат „одлучност на духот од другите земји, вклучително и Кина“ и рече дека има намера да направи „фер договори за сите“.

„Ќе биде склучен договор и со Кина. Тој договор ќе биде склучен со сите нив и тоа ќе биде фер договор. Јас само сакам правда. Тоа ќе биде фер договор за сите“, им рече американскиот претседател на новинарите пред Белата куќа .