Саемот на мебел, една од најпосетуваните саемски манифестации кај нас, годинава ќе се одржи од 29 март до 2 април во комплексот „Борис Трајковски“ во Скопје.
На саемот ќе се претстават над 40 домашни и меѓународни брендови со богата понуда на мебел за дневни, спални и детски соби, трпезарии, кујни, купатила….
Саемот ќе биде отворен за посетители од 10 до 20 часот, а билети ќе може да се купат на билетарниците пред влезот на Саемот и преку платформите: www.karti.com.mk и www.mktickets.mk. Онлајн билет ќе чини 100 денари, билет на Билетара 120, а пакет за двајца посетители на Билетара ќе биде 200 денари.