Возачот на Ферари, Карлос Саинц е победник на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Сингапур. Ова е втора победа за Шпанецот во неговата кариера.
Воедно ова е прва победа за Ферари во Формула 1 по една година и два месеца.
Второто место му припадна на Ландо Норис од Мекларен, додека трет заврши Луис Хамилтон од Мерцедес кој го искористи излетувањето на Џорџ Расел во последниот круг.
Актуелниот светски шампион и лидер во поредокот, Макс Верстапен од Ред Бул, кој трката ја почна од 11. стартна позиција, на крајот заврши на петтата позиција и ја прекина серијата од 10 последователни победи.
Пред Верстапен беше и Шарл Леклер од Ферари.
Бодови уште освоија (6-10.место): Пјер Гасли од Алпин, Оскар Пјастри од Мекларен, Серхио Перез од Ред Бул, Лиам Лоусон од Алфа Таури и Кевин Магнусен од Хас.