Американската актерка Кери Вашингтон (46 г.) наскоро ќе објави мемоари наречени „Thicker Than Water“, во кои се присети на своите 20-ти години од животот и на тешките моменти.
Во своите мемоари таа за прв пат проговори за нејзината одлука да абортира кога имала 20 години и штотуку ја започнала кариерата. Таа кажа и како сето тоа го чувала во тајност бидејќи не сакала да и наштети на работата. Кери Вашингтон раскажа како по филмот „Save the Last Dance“ во кој глумеше во 2001 година, непланирано забременила. Нејзината одлука да абортира не и била лесна и долго време се срамела поради тоа, но во тој момент почувствувала дека мора да го направи тоа.
Таа вели дека на докторите и дале лажно име бидејќи не сакала тоа да влијае на нејзината актерска кариера.
„Едноставно не сакам мојот абортус да биде на листата на работи од кои се срамам. Оваа приказна имаше толку многу врска со моето разбирање за себе и за светот додека се развиваше мојата кариера. Се наоѓаме во момент кога е многу важно да ја зборуваме вистината за нашите репродуктивни избори бидејќи некои од тие избори ни се одземаат“, изјави актерката за магазинот People.
„Отпрвин не бев сигурна како се вклопува во оваа моја животна приказна. Но, почнав да чувствувам дека ми е многу важно да го споделам тоа“, заклучила таа.