Канадската инфлуенсерка Мери Магдалена (27) потрошила повеќе од 88.000 евра на пластични операции.
Мери морала да направи серија операции во Русија, бидејќи американските лекари ја одбиле. Покрај интервенциите на телото и лицето, Магдалена изобилува со тетоважи, а првата ја направила на 21 година.
– Сакам екстремни работи. Мислам дека засекогаш ќе правам тетоважи и ќе одам кај хирурзи, и да умрам, не ми е гајле. За мене нема крајна точка – изјави Магдалена.
Иако пред пет години имала страшно искуство, а за малку ќе умрела поради пластична операција, тоа не ја поколебало да продолжи со понатамошните процедури.
– Сакав да ја имам „најдебелата вагина на светот“. Јас ја дизајнирав, но за жал изгубив многу крв за време на операцијата. Кога закрепнав од таа операција, веднаш почнав да закажувам нови – заклучила таа.
Мери целосно ги обезличи телото и лицето.
Во еден момент имала гради поголеми од добро созреана лубеница, потоа и’ пукнал еден од силиконите, па сфатила дека претерала и потоа малку ги намалила градите.