Младенците, кои објавија видео на TikTok кое собра повеќе од 2,3 милиони прегледи, велат дека многу луѓе им кажале дека тоа што им го направиле на нивните свадбари не било убаво, но тие тврдат дека гостите го сакале тоа и заштедиле многу пари.
Томас Билодо од Париз и неговата сопруга Офели ги послужија своите свадбени гости со храна од познат синџир ресторани за брза храна. На свадбата беа послужени повеќе од 300 хамбургери и други специјалитети од ресторанот, кои беа испорачани во договореното време.
Како што можете да видите на видеото, гостите со ентузијазам и смеа ја дочекаа ваквата храна. Сепак, многу корисници на TikTok ги осудија во коментарите под објавата.
Некои чувствуваат дека на гостите им послужиле неквалитетна храна и затоа се „патетични“, особено што тоа го направиле на толку важен ден во животот.
Имаше и такви кои изјавија дека храната од тој ресторан всушност не е евтина и дека за тие пари можеле да нарачаат нешто подобро.
,Го направивме тоа затоа што беше поевтино, а сакавме да служиме храна што ја сакаат сите“, изјави подоцна невестата, која работи во маркетинг компанија.
Многумина ги поддржаа младенците и целосно ја разбираат нивната одлука, бидејќи „не е сè во храната и пиењето“.