Воениот музеј во Охајо неодамна ја контактирал полицијата на Белви за да пријави необична понуда од локален жител.
По повикот, полицијата брзо реагирала и тропнала на вратата на неименуваниот маж, а на местото била повикана и специјализирана екипа за отстранување на експлозивни направи.
„Веруваме дека ќе помине долго време додека повторно да добиеме ваков повик “, соопшти полицијата, првично шокирана од откритието.
Што е тоа? Властите соопштија дека мажот во гаражата чувал дел од проектилот воздух-воздух Douglas AIR-2 Genie, кој е дизајниран да носи нуклеарна боева глава од 1,5 килотони (W25).
За среќа, боевата глава не постоела, што значи дека немало опасност за заедницата, јавува Би-Би-Си.
„Тој практично поседувал резервоар за ракетно гориво “, беше кажано.
Мажот подоцна објаснил дека „проектилот“ му припаѓал на неговиот починат сосед.
„Бидејќи предметот не претставувал опасност, а војската не го побарала назад, оставен е на сопственикот кој ќе го предаде на музејот“, соопштено е.