Невидливата телесна маст може да биде поопасна отколку што мислиме. Станува збор за висцерална маст, која се наоѓа длабоко во абдоменот и ги опкружува органите како што се црниот дроб, желудникот и цревата.
„Висцералната маст е маст складирана длабоко во абдоменот, околу органите како што се црниот дроб, желудникот и цревата“, објаснува нутриционистката и диететичарка Лорен Манакер за EatingWell.
За разлика од поткожната маст, која е под кожата и е видлива, висцералната маст носи поголем ризик од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.
Кога станува збор за храна и пијалоци што можат да помогнат во намалувањето на висцералните масти, експертите речиси секогаш го истакнуваат истиот избор: зелен чај. Содржи катехини, вклучувајќи епигалокатехин галат (EGCG), кој може да ја подобри чувствителноста на инсулин и да го намали лошиот холестерол и крвниот притисок.
„Зелениот чај содржи соединенија наречени катехини, кои можат да помогнат во подобрувањето на начинот на кој вашето тело ја користи енергијата“, објаснува регистрираниот диететичар Али Мекгован.
Некои истражувања сугерираат дека овие соединенија можат да влијаат на метаболизмот и да придонесат за губење на мастите, особено околу стомакот.
Иако самиот чај не е магично решение, неговите соединенија можат да поддржат поздрав метаболизам
Зелениот чај може да го намали и воспалението во телото, кое често се поврзува со вишок маснотии и хронични заболувања. Мекгован објаснува: „Катехините во зелениот чај, како EGCG, можат да помогнат во зголемувањето на нивото на антиоксиданси во телото“.
Една студија покажа дека консумирањето од една до четири чаши зелен чај дневно може да го намали ризикот од срцеви заболувања, благодарение на неговите антиинфламаторни својства.
Друг важен ефект на зелениот чај е поврзан со намалувањето на инсулинската резистенција, проблем кој е тесно поврзан со висцералната маст. Мета-анализа на клинички испитувања кај луѓе со дијабетес тип 2 покажа дека консумирањето зелен чај ја подобрува регулацијата на шеќерот во крвта и ги намалува нивоата на инсулинска резистенција.
Иако самиот чај не е магично решение, неговите соединенија можат да поддржат поздрав метаболизам и рамнотежа во телото.