Едно од најчестите места каде луѓето се жалат на вишокот маснотии е околу стомакот. Маснотиите што се акумулираат во таа област се нарекуваат висцерални масти.
„Висцералната маст е вид на маснотија што ги опкружува виталните органи во пределот на стомакот. Потребна е здрава количина на висцерална маст за да се заштитат виталните органи и да се обезбеди изолација“, објаснува диететичарот Амбер Панконин за Парад.
Сепак, премногу висцерални масти, особено во пределот на стомакот, може да го зголеми ризикот од здравствени проблеми и болести.
„Најопасно е во пределот на стомакот, со поголеми количини постои поголем ризик од дијабетес, мозочен удар, Алцхајмерова болест, висок холестерол и срцеви заболувања“, вели диететичарот Џонатан Валдез.
Одредена храна може да помогне во намалувањето на висцералните маснотии
Покрај исхраната, Валдез забележува дека вежбањето, управувањето со стресот, генетиката и правилниот сон играат важна улога во управувањето со висцералните стомачни масти. Иако ниту една храна нема да направи висцерална маснотија да исчезне, постојат одредени намирници кои можат да ни помогнат да ги намалиме висцералните масти, велат диететичарите.
„Ако сакате да ги намалите висцералните масти преку слабеење, изберете храна која содржи влакна, здрави масти и протеини. Овие хранливи материи можат да помогнат да се зголеми чувството на ситост, што е многу важно кога станува збор за контрола на апетитот и губење на тежината“, посочува Панконин.
Така, Валдез и Панконин тврдат дека одредена храна може да помогне во намалувањето на висцералните масти во пределот на стомакот. Еве што тие издвоија.
- Јајца
- Овошје
- Зеленчук
- Риба
- Ферментирана храна (како кисела зелка или кефир)
- Грчки јогурт.