Сакате побрзо да ослабете? Три јаглехидрати можат да ви помогнат

Во контексрот на губење на тежината, јаглехидратите честопати добиваат лоша репутација, но експертите предупредуваат дека не сите се создадени еднакви. Иако е препорачливо да го ограничите внесот на рафинирани јаглехидрати, сложените јаглехидрати, кои се богати со растителни влакна и хранливи материи, всушност можат да го забрзаат вашиот метаболизам, да ве одржат сити подолго време и да ви помогнат одржливо да ослабете. Клучот е да изберете извори што обезбедуваат долготрајна енергија и не предизвикуваат скокови на шеќерот во крвта.

Киноа

Киноата често се нарекува суперхрана и е идеален извор на здрави јаглехидрати.

„Ова цело зрно е добар извор на влакна и протеини, што помага во контролата на шеќерот во крвта“, вели нутриционистката Алиса Пачеко за SheFinds.

Киноата ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини, што ја прави комплетен извор на протеини – важен за чувство на ситост и зачувување на мускулната маса за време на губење на тежината.

Поради својот благ вкус и разноврсност, киноата лесно се вклопува во различни јадења, вклучувајќи појадок, како што се каша или здрави палачинки.

Сладок компир

Слаткиот компир е вкусен и заситувачки извор на сложени јаглехидрати, богат со растителни влакна и витамин А.

„Слаткиот компир е хранливо богат коренест зеленчук полн со витамин А, растителни влакна и други корисни хранливи материи“, вели нутриционистката Лиса Ричардс.

Додава дека овие хранливи материи се одлични за здравјето и функцијата на имунолошкиот систем. Влакната во слаткиот компир го продолжуваат чувството на ситост и го поддржуваат здравиот метаболизам, што ги прави одличен избор за оние кои сакаат да ослабат без да чувствуваат глад.

Јогурт

Јогуртот е уште еден здрав извор на јаглехидрати, но исто така и протеини, калциум и корисни бактерии.

„Јадењето храна богата со пробиотици може да помогне во намалувањето на воспалението во телото“, објаснува регистрираниот диететичар Триста Бест.

Пробиотиците се корисни бактерии кои помагаат во одржувањето на рамнотежа во цревната микробиота, што е клучно за регулирање на воспалението во телото.

„Кога микробиомот е неурамнотежен, тоа може да доведе до хронично воспаление поврзано со болести како автоимуни нарушувања, срцеви заболувања и рак“, додава Бест.

Најдобар избор е обичен, обезмастен грчки јогурт без додаден шеќер.

„Грчкиот јогурт е одличен за слабеење бидејќи протеините го продолжуваат чувството на ситост и ја намалуваат желбата за грицкање“, заклучува диететичарката Шавон Морисон.