„Почина мојата прекрасна принцеза… Секогаш се бореше со својата тежина, цел живот. Сакаше да се вклопи… А вистината е дека таа беше најубавата жена и мојата друга половина“, напиша Џејми Брустер, момчето на Морган Рибеиро (20), која почина во Белград откако и се слошило во авионот по враќањето од операција на стомакот во Лондон.
Џејми на почетокот на месецот отпатува со Морган во Турција, а на 5-ти јануари и беше закажана опеацијата. Три дена подоцна, откри тој, им било кажано дека е безбедно Морган да си оди дома во Лондон. Тие се качија на летот во Истанбул, но на Морган и се слошило.
И покрај напорите на кабинскиот екипаж да и ги олесни маките на Морган, таа не ѝ се подобри и на крајот беше побарано итно слетување во Белград, каде лекарите се погрижиле за неа. За жал, било откриено дека на Морган и е оштетено тенкото црево при интервенцијата во Турција. Морале да и отстранат повеќе од 10 сантиметри од цревата.
Морган добила срцев удар на 9 јануари, по што била ставена во индуцирана кома, но почина четири дена подоцна.
Семејството сега се обидува да собере пари за да го пренесе телото во Велика Британија.
„Мораме да останеме силни и да и го дадеме најдоброто можно испраќање што можеме. Сите донации ќе одат директно на совршеното испраќање. Ќе ни недостигаш Морган, ти беше најубавата личност на светот и си отиде прерано. Почивај во мир мој прекрасен ангел“, се вели во соопштението на апелот за помош на семејството, поставен од Џејми.