„САКА ДА ГИ ИЗРАДУВА ФАНОВИТЕ“ Најплатениот Јутјубер во историјата подарува 26 автомобили Тесла за својот 26-ти роденден: Ова се условите

MrBeast, најплатениот јутјубер во историјата, објави дека на своите следбеници им подарува 26 автомобили Tesla по повод неговиот 26-ти роденден.

„Го славам мојот 26-ти роденден, затоа им подарувам 26 тесла на моите следбеници! Лајкнете ја оваа објава и означете двајца пријатели во коментар за да учествувате. Следете ме за да ви испратам порака доколку освоите Тесла. Победниците ќе бидат објавени за седум дена. Споделете го ова на вашата приказна и помогнете им на вашите пријатели да освојат Тесла“, напиша тој.

Правилата можете да ги прочитате на линкот. Како што е познато, MrBeast неодамна сними видео во руиниран хотелски комплекс во Купари во близина на Дубровник. Видеото досега е прегледано речиси 170 милиони пати.

Овој млад човек ја започна својата кариера на YouTube во 2012 година на 13-годишна возраст и неговото корисничко име беше „MrBeast6000“. На неговиот канал можете да најдете видеа во кои тој завршува интересни предизвици, тешки задачи и слично.

Неговото богатство се проценува на 500 милиони долари. Тој има 256 милиони претплатници на YouTube. Тој е посветен на хуманитарната работа. Во ноември 2023 година, тој изгради сто бунари во Африка и со тоа обезбеди чиста вода за повеќе од половина милион луѓе.