Салван Момика, антиисламски активист познат по палењето на Куранот, убиен во Шведска

Салван Момика, ирачки бегалец познат по палењето на Куранот, е убиен во средата вечерта во својот стан во шведскиот град Содертаље, објавија локалните медиуми.

Според локалните медиуми, шведските власти пристигнале на местото на настанот откако добиле информации за пукање во населбата Ховсјо.

Убиството, наводно, било снимено на видео бидејќи активистот наводно го вклучил преносот во живо само неколку моменти пред пукањето, објави Афтонбладет.

„Во средата вечерта во куќа во Ховсјо во Содертаље е пронајден маж застрелан. Станува збор за 38-годишниот Салван Момика, кој починал од прострелни рани“, објави шведската државна телевизија СВТ.

Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Даниел Викдал, изјави дека петмина осомничени се приведени во полиција на сослушување во врска со бруталната „егзекуција“.

38-годишниот водач на милицијата денеска требаше да се појави пред судот во Стокхолм под обвинение за поттикнување етничка омраза.

Момика, од областа Ал-Хамданија, источно од Мосул, на 30 јуни гази исламска света книга и запали неколку страници пред најголемата џамија во шведскиот главен град.

Тој предизвика големо негодување откако застана пред џамија во Стокхолм и сквернави верска книга, а друг пат и пред ирачката амбасада.

Момика доби смртни закани откако двапати запали копија од Куранот во 2023 година во знак на протест против исламот. Верските водачи ширум Блискиот Исток и Европа ги осудија актите, а во тоа време беа одржани народни протести низ Ирак.

И покрај гневот, шведската полиција му издала дозвола да постапува во согласност со заштитата на слободата на говор во земјата. Тој побегна во Шведска пред неколку години, откако беше обвинет за неколку обвиненија, вклучително и за измама.