Познатата актерка Салма Хаек вчера го прослави својот 59-ти роденден, а го одбележа со фотографија во костим за капење.
Мексиканско-американската актерка со децении е призната како една од најубавите жени во светот, а нејзиниот изглед им пркоси на годините. Таа сега објави прославена фотографија на социјалните мрежи по повод својот 59-ти роденден.
„59 патувања околу сонцето и сè уште танцувам“, напиша Салма во објавата.
На фотографијата, таа може да се види во флуоресцентен црвен костим за капење и со коктел во раката додека седи на брод. Таа, исто така, им се заблагодари на сите „за љубовта“ во описот.
Претходно во интервју за списанието „Пипл“, таа откри колку е возбудена што е во своите педесетти години: „Тоа е поинаков вид убавина“.
Salma Hayek for Sports Illustrated Swimsuit, 2025 pic.twitter.com/iSKpXlJQqe
— cinesthetic. (@TheCinesthetic) May 14, 2025
Таа се појави и на насловната страница на списанието „Спортс илустрејтид“ на 58-годишна возраст и го сподели своето воодушевување што тоа се случило на таа возраст.
„Да ми кажеше некој дека ќе бидам на насловната страница на 58 години, ќе помислев дека е луд. Но, светот се промени – и тоа го прави возбудлив“, рече таа.
Salma Hayek, 58, stuns for Sports Illustrated Swimsuit pic.twitter.com/AwYlDTGacU
— cinesthetic. (@TheCinesthetic) May 14, 2025
Да потсетиме дека Хајек претходно откри дека нејзината убавина не е само резултат на природата и призна дека се подложила на козметички процедури за подмладување.
Станува збор за ултразвучна процедура за подигнување на кожата и зголемување на колагенот.
„Сакав мојот сопруг да каже „Вау“ кога ќе ме погледне. Сакам да се чувствувам добро во врска со мојот изглед, но не мора да изгледам како да имам 20 години“, рекла таа.