Салото на стомакот не е и толку лошо, тоа помага да се одржи здравјето на мозокот

Висцералните маснотии, или салото на стомакот, играат клучна улога во одржувањето на здравјето на мозокот, покажа новото истражување.

Се разбира, тоа не значи дека дебелината е здрава. Пред сè, треба да се забележи дека премногу маснотии може да биде лошо за вашето здравје. Новото истражување беше објавено во списанието GeroScience и беше спроведено од истражувачи од Универзитетот Тохо во Јапонија.

Тимот се фокусираше на врската помеѓу висцералните масти и BDNF, протеин од витално значење за меморијата, учењето и регулирањето на расположението. BDNF го промовира растот, преживувањето и поврзувањето на мозочните клетки.

Високите нивоа на BDNF се директно поврзани со подобрената функција на мозокот. Како што старееме, нивото на BDNF опаѓа, што доведува до губење на меморијата или лошо когнитивно функционирање, според New York Post .

Студијата покажа дека CX3CL1, протеин произведен од висцерална маст, активно придонесува за одржување на здрави нивоа на BDNF.

Иако мозокот неизбежно се менува со возраста, експертите се согласуваат дека давање приоритет на исхрана богата со хранливи материи, редовна физичка активност, управување со стресот, квалитетен сон и когнитивен „тренинг“ може да помогне во заштитата на здравјето на мозокот.