Сте размислувале ли некогаш да водите љубов со бившиот партнер !? Еве во кои случаи тоа е пожелно…
Со години ни кажуваат дека враќањето назад во времето, поточно кај бившиот партнер и отворањето на долго затворена врата никако не е добра идеја. Нешто што е завршено да се случи оак. Сепак, со ова не се согласуваат сите. Меѓу нив е и експертот за интимни односи д-р. Никол МекНиколс, која тврди дека искри во кревет со бившите се сосема можни, но само во три случаи.
Прво, ако сакате да имате интимни односи со бившиот, треба да се справите со преостанатите чувства, главно негативни, како што е гневот.
„Додека и двајцата сте релативно излечени од раскинувањето, сепак верувајте и почитувајте се еден со друг и не задржувајте остаток на гнев, тоа е можно“, објаснила д-р. Никол МекНиколс, додавајќи дека водењето љубов со бившиот е удобен и безбеден терен.
Вториот случај е она што многумина го обожаваат – кулминацијата.
„Веќе ги знаете телата еден на друг, двајцата знаете што му се допаѓа на другиот партнер, што не, што би можело да биде забавно, а што е дефинитивно непожелно“, објаснува таа.
И конечно, третата причина е дефинитивното помирување. Интимните односи со бившиот партнер би можеле да бидат пат кон нов почеток.
„Има многу комуникација што се случува за време на интимноста, дури и ако всушност не се изговараат зборови“, објаснува таа, додавајќи дека тоа не мора секогаш да биде лош знак и вели: „Понекогаш интимната врска ни помага да се излечиме и да се потсетиме што е добро во врската“.