Само два збора можат да го натераат мажот да се заљуби во вас

Многу жени барем еднаш сретнале маж кој „не бил подготвен за врска“, но сепак се надевал дека тие ќе бидат оние што ќе го „натераат“ да се предомисли.

И додека многу романтични врски  завршуваат пред да започнат, постојат моменти кога 
жената може да ја преземе контролата  – не преку манипулација, туку преку самодоверба и поставување граници.

Во ситуации каде што е јасно дека мажот покажува физичка желба и кога врската сè уште не е јасно дефинирана,  два едноставни збора можат да направат голема разлика – „сè уште не“ .

Овие зборови  не означуваат отфрлање, туку став . „Сè уште не“ означува дека постои привлечност, но и ограничување. Покажува интерес, но и самопочит.

Токму оваа рамнотежа помеѓу желбата и воздржаноста е често клучна за развојот на подлабоки емоции. Кога мажот ќе види дека мора да вложи напор , дека нешто не му е веднаш достапно, тоа ја менува динамиката на врската.

Тој почнува да вложува повеќе внимание, интерес и напор .

Два збора изговорени во вистинскиот момент можат да сторат многу повеќе од илјада пораки.