Само една шака ореви дневно има неверојатно влијание врз организмот! Откако ќе дознаете колку се здрави, ќе ги јадете цело време

Доколку консумирате грст ореви дневно и вежбате, брзо ќе забележите позитивни ефекти врз здравјето на целиот организам.

Истражувањата покажаа дека секојдневното  консумирање ореви , кога се комбинира со тренинг за сила и издржливост, може да доведе до значителни подобрувања во квалитетот на спиењето, когнитивните перформанси и рамнотежата кај постарите мажи. 

Истражувањето опфатило физички активни мажи на возраст од 65 и повеќе години и имало за цел да ги истражи ефектите од истовремениот тренинг за сила и издржливост со или без дневна потрошувачка од 15 грама ореви.

Студијата траеше 6 месеци, а испитаниците учествуваа во обука три пати неделно.

Тие правеа комбинација од вежби за сила насочени кон мускулите на нозете, грбот, градите и стомачните мускули, како и половина час тренинг за издржливост.

На половина од учесниците им било наложено секое утро да консумираат по 15 грама ореви, додека контролната група ги задржала вообичаените навики во исхраната.

Резултатите покажаа дека додека двете групи имале подобрувања во квалитетот на спиењето и силата во споредба со времето пред тренинг.

Посебно е интересно што групата испитаници кои земале ореви покажала поголемо подобрување во квалитетот на сонот во споредба со контролната група. 

Имале подобри резултати и на когнитивен тест – им се зголемило вниманието, концентрацијата и размислувањето. Тестовите покажаа дека имаат и подобра рамнотежа.