Поранешниот германски репрезентативец Патрик Овомојела (43) заработи тешка повреда по која заврши на операционата маса.
А за се да биде уште пострашно, страшниот пад од велосипедот го снимил со камера, па неговите следбеници на социјалните мрежи имаа можност да видат како тој самиот настрада – и тоа воопшто не е пријатно за гледање!
Поранешниот фудбалер ја скршил клучната коска, а германските медиуми објавија дека тој е опериран еден ден подоцна.
Операцијата помина добро кај поранешниот играч на Вердер, Арминија и Борусија Дортмунд.
Инаку, Овомојела е Германец со нигериски корени, а за „пантерите“ одигра 11 натпревари, додека со Борусија беше шампион на Германија во 2011 и 2012 година.