Весникот „Ел Еспањол“ во својот подкаст за криминалистичката хроника „Отворено резиме“ угости разбојник кој јавно призна на кои познати фудбалери им ги ограбил домовите.
Под наслов „Ја ограбив куќата на Роналдо, куќата на Кројф а не сакав да го направам тоа во куќата на Меси“, шефот на албанско-косовската мафија ги раскажува грабежите на вилите на Кристијано Роналдо и Јохан Кројф.
Понатаму се наведува дека овој човек повеќе од 20 пати ограбил луксузни домови и дека во својата „војска“ има повеќе од 100 луѓе.
Во „The Open Summary“, Ом ги признава своите грабежи во домовите на фудбалските ѕвезди и ги опишува деталите за тие дела. Неговиот идентитет не беше откриен, но имаше многу да каже.
-Јас бев тој што ја ограби куќата на Кристијано Роналдо во Португалија. Јас бев тој што го ограби Јохан Кројф во Барселона – рече тој.
Во ноември 2021 година, тој упаднал во куќата во која порано живеел Јохан Кројф во горниот дел на Барселона. Најинтересно е што украл часовник кој му припаѓал на Денис Беркамп и некои предмети од луксузниот бренд Хермес.
– Таму зедов часовник што му припаѓаше на Денис Бергкамп, некои работи од Хермес и околу 20.000 евра. Немаше безбедносни камери или аларми. Кога влегов, сфатив чија е куќата – истакнува тој.
Тој опиша дека грабежот на куќата на Кристијан Роиналдо не поминал како што очекувал.
– Го извршивме грабежот на Кристијано Роналдо во Мадеира, но пленот не беше интересен – признал разбојникот, а потоа додал дека тој и неговите луѓе упаднале и во приватниот имот на Карим Бензема.
Сепак, тој признава дека никогаш не сакал да ја ограби куќата на Лионел Меси, а тоа не им дозволил ниту на други луѓе.
– Неколку пати запирав луѓе кои сакаа да упаднат во куќата на Меси. Го направив тоа и горд сум – вели тој.