Бремената Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих во Лос Анџелес во елегантно издание и ги фасцинираше сите во тесен фустан, но целото внимание го украде нејзиниот труднички стомак.
Актерката Џенифер Лоренс присуствуваше на доделувањето на наградите „Governors“ во Лос Анџелес и пленеше со својата убавина и стајлинг, но тоа не е единствената причина поради која сите погледи беа вперени во неа.
Холивудската ѕвезда го чека своето второ дете и неодамна се дозна дека е во поинаква состојба, а на црвениот тепих се појави во тесен кафен фустан кој го истакна нејзиниот веќе зголемен труднички стомак .
Фустанот имаше златни детали на пределот на рамото и стомакот, а Џенифер блескаше додека позира пред насобраните фотографи држејќи ја златна чанта.
Модната комбинација ја заокружи со совршена фризура – популарни шишки, кои исто така се полн погодок оваа сезона , а кои одлично го врамуваат лицето на познатата актерка и идна мајка. Земјените тонови на шминката со акцент на карминот во бојата на фустанот ја истакнуваат нејзината природна убавина и со причина ја носи титулата на една од најубавите холивудски трудници.
Џенифер Лоренс и Кук Марони го добија синот Сај во февруари 2022 година, а веста за втората бременост стигна во јавноста дури во средината на октомври.