Само 11 отсто од младите Британци изјавиле дека ќе земат оружје и ќе се борат за својата земја

 – Половина од генерацијата З во Велика Британија верува дека Британија е расистичка земја, додека само четворица од 10 млади Британци велат дека се горди на својата земја, покажа новообјавеното истражување.

Само 11 отсто од генерација З, на возраст од 18 до 27 години, рекле дека ќе се борат за Велика Британија, а 41 отсто рекле дека воопшто немало околности во кои би зеле оружје за својата земја, што е далеку од цврстата поддршка за земање оружје во Втората светска војна, а исто така и од бројките од 2004 година.

Истражувањето, спроведено од ЈуГов и Паблик фрст за лондонскиот весник „Тајмс“, денес откри дека повеќето Британци од генерација З не се горди што се Британци.

Само 15 отсто од младите луѓе рекоа дека веруваат дека земјата е обединета, што е значително помалку од речиси 60 отсто кои го имаа овој став во 2004 година.

Исто така, истражувањето покажа дека половина од испитаниците мислат дека Велика Британија е заглавена во минатото.

Во 2004 година, 22 отсто од младите Британци изјавиле дека ќе се борат за својата земја, додека 57 отсто од испитаниците рекле дека ќе се борат за својата земја, доколку се согласат со причините за војна.