Санкционирани 134 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции.

Како што соопшти МВР, изречени се и 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол и 11 мерки за некористење сигурносен појас.

Од МВР, најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот на патиштата.