На територија на Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден санкционирани се 147 возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила.
Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека 19 санкции се изречени за возење без возачка дозвола, девет за користење мобилен елефон при возење, како и пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се и шест мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за непрописно престројување при возење…