Санкционирани се 69 возачи за брзо возење на територијата на СВР Битола. Меѓу нив е и возач со измерени 2,61 промили алкохол, информираат попладнево од Секторот за односи со јавност и протокол при Министерството за внатрешни работи.
– Во периодот од 10 до 14 часот денеска на територијата на СВР Битола, спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи, кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани се 69 возачи. Од нив, 46 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 23 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, се наведува во соопштението.
Од МВР нагласуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, пишува во соопштението.