Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо сè уште сака да го напушти англискиот клуб и покрај помирувањето со главниот тренер Ерик тен Хаг.
Според „ESPN“ тренерот на Јувентус, Тијаго Мота го чека фудбалерот во италијанскиот тим.
Претходно се дозна дека Санчо разговарал со Тен Хаг и се вратил на тренинзите со Манчестер јунајтед.
Тен Хаг на почетокот на сезоната 2023/24 изјави дека Санчо не работи доволно на тренинзите, по што фудбалерот изјави дека тоа не е така. Како резултат на тоа, Тен Хаг го суспендираше напаѓачот.
На почетокот на годинава Санчо отиде на позајмица во Борусија Дортмунд.