Сара Џо на својот Инстаграм профил објави фотографија од болничкиот кревет и нагласи дека била итно оперирана.
Сара Џо ги загрижи сите свои фанови кога објави дека мора да оди на операција.
„Тоа беше рутинска операција, но би сакала оваа приказна да биде потсетник да одите на редовни прегледи и да го слушате вашето тело“, напишала Сара, а потоа додала:
„Последното го научив дури на триесет години“.
Во овие моменти, покрај семејството, голема поддршка и’ е и нејзиното момчето, танчерот Жига Сотлар.
– Мислам дека луѓето разбираат колку се сакаме. Жига и јас влеговме во врска која е посебна… уживаме во неа и не брзаме да ја подигнеме на повисоко ниво, во смисла на свадба. Сега градиме кариери и тоа е најважно за нас. Живее во Љубљана, но повеќе е во Белград. Важно е да се сакаме, останатото полека ќе го носиме, важно е да функционираме совршено, изјави претходно Сара и додаде:
– И двајцата „кликнавме“ на прва! Почувствувавме посебна енергија, но тој беше во врска, а и јас. Кога ги прекинавме тие врски, тогаш се „најдовме“.