Некои сателитски снимки, наводно, откриле дека израелската армија ги започнала своите копнени операции во јужниот дел на Газа.
Сликите, снимени од Planet Labs PBC во неделата, покажуваат израелски тенкови и оклопни транспортери на нешто помалку од 3,7 милји (5,95 километри) северно од Кан Јунис – голем град на југ, објавија странските медиуми.
Понатаму се дознава дека многу од оние луѓе кои избегаа од израелската офанзива и воздушни напади во северните области како што е градот Газа сега се засолниле во и околу Кан Јунис.
Прво им било кажано да одат таму.
А израелското распоредување сега е западно од патот Салах ал Дин, главен коридор север-југ од кој многумина избегаа.
Таму, се вели понатаму, израелските војници создале „јами полни со ѓубре“ околу некои од нивните позиции, кои можат да се користат за „покривање“, рече тој.
Веќе се забележани борби во областа, а жителите и новинарите на терен велат дека имало интензивни израелски воздушни напади.
Во меѓувреме, израелските одбранбени сили побараа од луѓето во шест населби во или во близина на Кан Јунис да се евакуираат.