Новите сателитски снимки со висока резолуција објавени денес од „Максар Технолоџис“ покажуваат значителна штета на иранскиот реакторски комплекс за тешка вода во близина на градот Арак, околу 230 километри југозападно од Техеран.
Се наведува дека сликите покажуваат сериозно оштетување на главната купола на реакторот.
Освен самата купола, оштетени се и други делови од зградата.
Најмалку две кули беа делумно уништени, додека две блиски градби беа целосно уништени.
И Израел и Иран денес потврдија дека реакторот Арак бил цел на нападот.
Одделно, четиринаесет воени товарни авиони од САД и Германија, натоварени со опрема и материјали за поддршка на војската, пристигнаа во Израел во услови на конфликт со Иран, објави израелското Министерство за одбрана.
Министерството во соопштението наведува дека авионите се дел од воздушните и морските мостови што се во функција од почетокот на израелскиот напад врз Иран на 13 јуни.