Прашината од Сахара допира до делови од Европа. Први на удар ќе бидат земјите во близина на Средоземното Море, додека случаи ќе има и во Македонија.
Песокот од Сахара ќе пристигне во земјава утре попладне, особено во западните предели на земјата, додека значителни количини ќе има и во источниот дел.
Од четврток се очекува смирување на состојбата и сахарска прашина најмногу ќе остане на територијата на Турција.
Во Македонија последниве години многу често има сахарска прашина.