Водителката Драгана Катиќ во емисијата ,,Sceniranja” на ТВ Курир проговори за односот со директорот на Гранд продукција Саша Поповиќ со кој имаше долгогодишна соработка.
За Поповиќ вели дека е строг професионалец кој не ги меша деловниот и приватниот живот и кој се грижи апсолутно за секој детаљ.
-Што се однесува до водителот, тој многу се грижеше како сите се облекуваат. Се сеќавам кога излезе модниот тренд на широки тафт здолништа. Ми се допадна и тогаш беше навистина модерно. Дојдов на снимање во толку широко здолниште. Кога ме виде, излезе од бината и ме праша: Што носиш!? Го прашав: Зошто?
Тој ми возврати:
Па ти си како кокошка, само кокошките не излегуваат, види колку е широко! Ова не е стил за водител на Гранд шоуто. Имаш ли друга облека да се преслечиш?
Му реков: Па ова е модерно сега и е обично.
Тој ми возврати: Премени во тоа обично, а оваа модерна остави ја за друг пат, изјави водителката.
Таа вели дека Попвиќ ги земал предвид и килограмите на водителката:
– Некогаш коментираше алудирајќи на мојата тежина со која понекогаш имам проблем:
„Сега си добра, можеме да го обновиме договорот” шегувајќи се ќе и’ речел Поповиќ.