Сања Лукаревска: “Јасна е пораката на САД и Ескобар, ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи европскиот пат на земјава“

Јасна е пораката на заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Габриел Ескобар, ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи европскиот пат на земјава“, изјави денеска заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

Денеска прочитаваме една многу убава изјава од високиот претставник на САД, Ескобар, којшто напомена дека Соединетите Американски Држави не бараат од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Ковачевски туку бараат да го поддржи евро-атланскиот пат на државата. Мислам дека тука е се јасно кажано“, кажа Лукаревска на прес-конференција.

Прашана за изградбата на коридорите и забелешките од опозицијата, таа кажа дека станува збор за клучен стратешки проект од национален интерес.

Ова е клучен, стратешки инфраструктурен проект. Доколку се дозволеше да продолжат блокадите немаше да добиеме ништо, напротив. Придобивките се големи и ние многу пати сме зборувале за тоа, побрзо, поефикасно и поефтино да може да се заврши“, нагласи Лукаревска.

МакедонијаполитикаСања ЛукаревскаСДСМ