Свадба за која се расправа во СОБРАНИЕ! Цела земја се крена на нозе поради свадбата на 8-ГОДИШНО МОМЧЕ И ДЕВОЈЧЕ (13)

Додека светската јавност сè уште беше запрепастена од неодамнешната венчавка во Ирак, каде 35-годишен маж се ожени со 9-годишно девојче, нов шокантен настан доаѓа од Астрахан, Русија. Таму со голема прослава се венчаа 8-годишно момче и 13-годишно девојче, двете од ромска националност.

Иако е познато дека Ромите ги негуваат своите традиции, вклучително и раните бракови , овој случај покрена многу прашања, особено затоа што младоженецот е сè уште во основно училиште. Реагираа и руски претставници кои побараа одговорност од надлежните органи. 
Свадбата на две деца стана јавна тема откако на социјалните мрежи протекоа видеа од церемонијата. Набрзо се проширија критики, што предизвика бес низ целата земја.

Местото на овој настан беше престижен ресторан во Астрахан. 
Салата беше луксузно уредена, со многу храна и пијалоци – од фонтани за шампањ до разни деликатеси. Гостите ги пречекаа насмеани келнери, нудејќи им почести додека го чекаа доаѓањето на младенците.

Земјата се крена на нозе

Младиот пар беше облечен според пригодата – младоженецот во елегантен костум, а невестата во бела венчаница. Под аплаузи и извици на толпата тие се обидоа да танцуваат валцер во центарот на салата.

Според присутните, венчавката била организирана на инсистирање на свекрвата. Мајката на младоженецот мислела дека е време невестата да дојде под нивниот покрив, за да се подготви за своите идни обврски. Иако експресно нагласија дека брачните обврски се уште не се проблем, девојчето, според традицијата, ќе се обучи како да готви, да се пере, да се грижи за куќата и нејзиниот сопруг.

Момчето, кое очигледно сè уште е далеку од зрелите семејни грижи, моментално е многу повеќе заинтересирано за детските игри, како што е популарниот Roblox, отколку за домашните работи.

Снимката од венчавката предизвика бура во јавноста, а претседателката на Комитетот на Државната дума за заштита на семејството, мајчинството и детството, Нина Останина го осуди настанот и ги повика властите да реагираат.

Децата заспаа на столовите

Таа нагласи дека за тоа е неопходно да се разговара „јавно, на општествениот простор“ и ги повика локалните власти да преземат одговорност.

Случајот ќе се најде на дневен ред на следната седница на Думата, на која ќе се разгледуваат потенцијалните мерки за заштита на децата. Пратеничката е решена да ги брани правата на децата, порачувајќи дека е потребно да им се обезбеди безгрижно детство и образование, наместо прераната улога на брачен другар.

Додека возрасните славеа до раните утрински часови, невестата и младоженецот заспаа исцрпени на меките софи во ресторанот. Нивната судбина, сепак, сега зависи од реакцијата на општеството и функционерите, а расплетот на оваа приказна допрва следи.