Во градот Дарувар ѕвонат сирените на сите можни итни служби.
Пет лица загинаа денеска во Домот за стари и изнемоштени лица на улицата Мажураниќ во Дарувар.
Како што пренесува Јутарњи, маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето.
Пет лица загинаа на лице место, а некои се уште се на лекување. После тоа убиецот побегнал, но полицијата набрзо го фатила во кафуле.
Во Дарувар ѕвонат сирените на сите можни итни служби.
Од полицијата изјавија дека засега не можат да соопштат детали и дека истрагата е во тек.
Убиецот побегнал, но полицијата набрзо го фатила во близина на кафулето Даруварац.
Како што неофицијално дознава Јутарњи, напаѓачот е роден 1973 година, а според неофицијални информации учествувал во војната во 90-тите.
Со пиштол упаднал во Домот, ја убил мајка си, жители на Домот, како и вработени.
Се наведува дека едно лице е критично, а две се надвор од животна опасност.
Работник во продавница лоцирана во близина на Домот за стари лица „Дарувар“ каде денеска беа убиени пет лица го опиша моментот на ужасот по масакрот.
„Двајца работници втрчаа во мојот дуќан. Едниот имаше повреда на окото, а другиот имаше куршум во градите“, изјавил работникот од продавницата каде двајцата ранети работници од Домот за стари лица избегале барајќи помош, пренесува Дневник.
Му кажале дека во домот дошол маж и пукал со пиштол кон штитениците и работниците.
Вработен во продавницата веднаш повикал брза помош, но и полиција, бидејќи повредениот го препознал убиецот и го видел како влегува во блиското кафуле.
Се јавив и во полиција и им кажав каде е убиецот. Очигледно, тој седнал и нарачал пијачка, а пиштолот го ставил на масата“, тврди вработената во продавницата.
Вели дека убиецот е на возраст од педесет години, дека бил познат во околината, но не знае зошто го извршил ова дело.
Наводно, станува збор за човек кој учествувал во војната во деведесеттите и кој се движи со помош на патерици.
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, изрази сочувство до семејствата на жртвите од злосторството што се случи во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар и ги повика надлежните институции на брза истрага, како и поригорозни контрола на поседување оружје.
„Дивјачки, невиден злостор во Дарувар ме шокираше. Тоа е застрашувачко предупредување и последен повик до сите надлежни институции да направат повеќе за да го спречат насилството во општеството, вклучително и уште поригорозна контрола на поседувањето оружје“, се вели, меѓу другото, во соопштението на кабинетот на Милановиќ.