Мајката на познатиот рапер Џеј Зи, Глорија Картер се омажи за својата партнерка Роксан Вилшер.
Церемонијата се одржа минатиот викенд, недела, на Менхетен, а на венчавката присуствуваа многу познати личности.
Како што напиша TMZ, меѓу гостите биле и поранешната членка на групата „Destiny’s Child“, Кели Роланд како и Тајлер Пери, Робин Робертс и други.
На венчавката присуствуваше и ќерката на Картерс, Блу Ајви (11), како и мајката на Бијонсе, Тина Ноулс, која дошла во придружба на телохранители.
Свадбата траела до еден часот по полноќ, а атмосферата била на врвот до самиот крај.
Да потсетиме дека Џеј Зи отворено ја поддржа сексуалната определба на неговата мајка откако таа се омажи во 2017 година. Глорија со години ја криела љубовта кон жените додека одгледувала четири деца.
Исто така, раперот јавно ја сподели среќата што мајка му е повторно вљубена, но потоа не откри дека тоа е неговата партнерка Роксен.