Таткото на убиеното девојче прифатил сочувство од адвокатот на родителите на момчето убиец. Тој потоа ја повика државата на одговорност и го заврши своето излагање со изјавата:
– Светот е многу опасно место, не поради злите луѓе, туку поради добрите луѓе кои не прават ништо.
Тој потоа ги повика надлежните институции за важноста на одговорноста за целото општество и за одговорноста на родителите.
– Ќерка ми е убиена пред тоалет додека одела во друго одделение. Одела во тоалет, за да ја види нејзината симпатија – рекол нејзиниот татко.
Момчето убиецот трипати ја застрелало во градите, таа продолжила да стои на нозе, а потоа и’ ги испукал четвртиот, петтиот, шестиот и седмиот куршум во рбетниот мозок, при што ја усмртил.