Заедничката египетско-американска археолошка мисија за време на ископувањата јужно од египетскиот град Миња го открила горниот дел од огромната статуа на кралот Рамзес Втори, соопшти денеска египетското Министерство за туризам и антиквитети.
Блокот од варовник е висок околу 3,8 метри и го прикажува седечкиот Рамзес кој носи двојна круна и наметка со кралска кобра, рече Басем Џихад, шеф на тимот на египетската мисија.
Во горниот дел на задниот столб на статуата се прикажани хиероглифски натписи кои го слават кралот, еден од најмоќните фараони на древниот Египет – додаде тој, пренесува Ројтерс.
Egypt discovered a 3,200-year-old statue of Pharaoh Ramses II. pic.twitter.com/RygfhQQKjx
— Globe Eye News (@GlobeEyeNews) March 5, 2024
Големината на статуата во комбинација со нејзиниот долен дел, кој е откопан пред неколку децении, би достигнала околу 7 метри. Градот Ел Ашмунеин, на западниот брег на Нил, бил познат во древниот Египет како Хемну, а во грчко-римско време бил регионален главен град на Хермополис Магна.
Студиите потврдија дека горниот дел од статуата одговара на долниот дел што го откри германскиот археолог Гинтер Родер во 1930 година, изјави шефот на Врховниот совет за антиквитети на Египет, Мустафа Вазири.
Рамзес II, познат и како Рамзес Велики, бил третиот фараон од Деветнаесеттата династија на Египет и владеел од 1279 година. до 1.213. години пред новата ера.